• четврток, 26 декември 2024

Панова: Судскиот совет да ги почитува законите при изборот на в.д. претседател на скопскиот Кривичен суд

Панова: Судскиот совет да ги почитува законите при изборот на в.д. претседател на скопскиот Кривичен суд
Скопје, 8 ноември 2021 ВМРО-ДПМНЕ ги повикува членовите на Судскиот совет да го почитуваат Уставот и интересот на граѓаните на Република Македонија, а не политичките притисоци кога денес ќе одлучуваат за именување на Вршител на Должноста Претседател на Основниот кривичен суд Скопје 1. Постојат сознанија дека власта во заминување врши притисок за денеска Советот да донесе политичка, а не одлука согласно закон, и со кршење на законот и уставот досегашниот претседател Иван Џолев да биде назначен за ВД претседател на судот, само заради исполнување на политички агенди на власта во заминување. ВМРО-ДПМНЕ во име на граѓаните на Република Македонија бара Членовите на судскиот совет денеска да не подлегнат под притисоците и да не донесат политичка одлука со која за в.д на Основниот кривичен суд би го избрале судијата Иван Џолев. Напротив, очекуваме членовите на судскиот совет, телото за контрола на судската власт, да ги почитува Уставот и законите и според нив, да го изберат најдобро оценуваниот судија. Во законот за судови е предвидено дека  ,,во случај на разрешување или престанок на мандатот на претседателот на судот (како во овој случај), до избор на нов претседател на судот, Судскиот совет од редот на судиите во судот определува вршител на должноста претседател на судот кој во последната година е оценет со највисока позитивна оцена и во однос на останатите судии има добиено најголем број бодови“. Изборот на Иван Џолев  за в.д. претседател ќе е директно кршење на законите и Уставот, што би го нарушило угледот на Судскиот совет и дополнително ќе ја поткопа довербата во независноста при носење на одлуките, што впрочем е и во фокусот на интересирањето на ЕУ. Веруваме дека членовите на Судскиот совет добро се запознаени за интересот и фокусот на Европската унија и на другите стратешки партнери на Македонија, кон имплементацијата на стратегиите и методологиите донесени од Судскиот совет, пред се за Методологијата за квалитативно оценување на судиите, Методологијата за утврдување сложеност на предмети, Стратегијата за човечки ресурси, како и за Акцискиот план за борба против корупцијата. Од тука работењето на Судскиот совет и носењето одлуки согласно Закон и Устав имаат подалекусежни влијанија од оние на кусогледите политичари во заминување. Уште еднаш, апелираме членовите на судскиот совет да ги почитуваат законите и Уставот  и за в.д Претседател на суд, да го назначат најдобриот оценуван судија, оценуван токму  од страна на Судскиот совет. Закон за судови VII. СУДСКА УПРАВА Член 88 Претседателот на судот го претставува судот, ја организира работата и презема мерки заради навремено и уредно вршење на работите во судот. (2) Претседателот на судот ја обезбедува примената на Судскиот деловник. (3) Претседателот на судот го утврдува распоредот на работите во судот по претходно прибавено мислење од седницата на судиите и општата седница на Врховниот суд. (4) Претседателот на судот го заменува судија што тој ќе го определи со годишниот распоред за работа кој во последната година е оценет со највисока позитивна оцена и во однос на останатите судии има добиено најголем број бодови. (5) Со годишниот распоред за работа од редот на судиите се определуваат претседатели на специјализирани судски одделенија и нивни заменици, и претседатели на судски оддели и судски совети. Член 89 Во случај на разрешување или престанок на мандатот на претседателот на судот, до избор на нов претседател на судот, Судскиот совет на Република Македонија од редот на судиите во судот определува вршител на должноста претседател на судот кој во последната година е оценет со највисока позитивна оцена и во однос на останатите судии има добиено најголем број бодови. Член 41 Судиите и претседателите на судовите ги избира и разрешува Судскиот совет на Република Македонија под услови и во постапка утврдени со закон. (2) Изборот, односно разрешувањето на судиите и на претседателите на судовите, Судскиот совет на Република Македонија го објавува во "Службен весник на Република Македонија" во рок од 15 дена од денот на извршениот избор, односно разрешување. Член 47 Претседател на суд се избира од редот на судиите на Република Македонија, под услови, во постапка и на начин како што се врши избор за судија во соодветниот суд. Претседателот на судот се избира за време од четири години, со можност повторно да биде избран на истата функција уште четири години. (2) За претседател на суд се избира судија кој во последните две години од страна на Судскиот совет на Република Македонија е оценет со највисока позитивна оцена и во однос на другите пријавени на Република Македонија е оценет со највисока позитивна оцена и во однос на другите пријавени лица има добиено најголем број бодови, согласно со закон. (3) Претседателот на судот има статус и функција на прв судија на соодветниот суд. (4) Кандидатот за претседател на суд кон пријавата и другите документи приложува програма за работа во текот на мандатот. (5) Оглас за избор на претседател на суд, Судскиот совет на Република Македонија објавува два месеца пред истекот на мандатот на постојниот претседател на суд. Од пријавените кандидати кои ги исполнуваат потребните услови Судскиот совет на Република Македонија најдоцна два месеца по распишувањето на огласот избира претседател на суд. (6) Претседателот на судот кој нема повторно да биде избран на истата функција продолжува да работи како судија во судот во кој претходно ја вршел судиската функција. Закон за судски совет Избор на претседател на суд Член 51 (1) Советот избира претседател на суд од пријавените кандидати судии на оглас за избор на претседател на суд со најмалку осум членови на Советот со право на глас. (2) Советот за претседател ќе избере лице кое ги исполнува условите и критериуми утврдени со Законот за судовите. (3) Секој член на Советот со право на глас е должен усно на седница на Советот да ја образложи својата одлука за избор на претседател на суд. (4) Советот е должен писмено да го извести секој кандидат за одлуката за избор на претседател на суд. (5) Кандидатот кој не е избран за претседател на суд има право на жалба во рок од осум дена од приемот на известувањето до Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд на Република Северна Македонија. УСТАВ НА РМ Член 105 Републичкиот судски совет: - на Собранието му предлага избор и разрешување на судии и утврдува предлог за разрешување од судиска функција во случаите утврдени со Уставот; - одлучува за дисциплинска одговорност на судиите; - ја оценува стручноста и совесноста на судиите во вршењето на нивната функција и - предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија. ОДЛУКА ЗА ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СУД (ПРАКСА НА СУДСКИ СОВЕТ) СУДСКИ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 105 став 1 алинеја 1 на Уставот на Република Северна Македонија, член 41 и 47 од Законот за судовите ("Службен весник на Република Македонија" бр.58/2006, 35/2008, 150/2010, 83/18 и 198/18 и "Службен весник на Република Северна Македонија" бр.96/19) и член 51 од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија ("Службен весник на Република Северна Македонија" бр.102/19), Судскиот совет на Република Северна Македонија на седницата одржана на ден 7.5.2020 година, донесе. ОДЛУКА ЗА ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОСНОВНИОТ СУД РАДОВИШ 1. За претседател на Основниот суд Радовиш е избрана: - Лила Цветаноска - судија на Основниот суд Радовиш. 2. Оваа одлука ќе стапи во сила по правосилно завршување на постапката и ќе се објави во "Службен весник на Република Северна Македонија". Бр. 09-745/1 8 мај 2020 година Скопје Судски совет на Република Северна Македонија Претседател, Киро Здравев, с.р. Ели Панова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивнатасодржина, ниту за евентуалните правописнинедоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан