• среда, 25 декември 2024

Панова: По притисоците парламентарното мнозинство прифати сите во вработени во МФ да земат поголеми плати

Панова: По притисоците парламентарното мнозинство прифати сите во вработени во МФ да земат поголеми плати

Скопје, 15 март 2023 (МИА) - Пратеничката Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција истакна дека по протестите на вработените во Министерство за финансии и на нејзината пратеничката група, владејачкото мнозинство се откажало од идејата - само вработените од еден сектор во Министерство за финансии да добијат покачување на плата за 30 отсто.

- По бурните реакции, парламентарното мнозинство прифати сите вработени во Министерство за финансии да добиваат повисоки плати. Жалиме што министерот ги повлече решенијата за повисоки плати на вработените и во изминатиот месец исплати плати под законски предвидените, рече Панова на прес-конференција во Собранието.

Како што посочи, Законот за буџетите е резултат на консензуален договор меѓу сите парламентарни партии и знаеме дека заложбите на сите инволвирани беа за повисоки плати за овие дефицитарни кадри.

- Бројот на вработени кои заминуваат од Министерството за финансии е алармантен. Во приватниот сектор, поточно во секторот финансиски дејности и дејности на осигурување, просечната месечна плата е околу 50 илјади денари, речиси двојно повеќе од таа што ја добиваат вработените во министерството во моментов, рече Панова.

Сепак, како што кажа, со вчерашната верзија на автентичното толкување власта ќе ги исклучи вработените во органите во состав на Министерството за финансии т.е. вработените во Управата за имотно правни работи и административните службеници во другите институции. 

- Заради ова, како пратеничка група, ќе поднесеме амандман на ваквото толкување, со кој ќе бараме и овие вработени да бидат опфатени со покачување, за да не бидат дискриминирани во однос на своите колеги, рече Панова на прес-конференцијата. ев/са/

Фото: МИА Архива 

 

Остани поврзан