• среда, 25 декември 2024

Панихида за протојереј Вељо Т. Манчевски, прв верски референт во земјава

Панихида за протојереј Вељо Т. Манчевски, прв верски референт во земјава
Скопје, 21 јануари 2022 (МИА) - Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ)  денеска со панихида ќе одбележи 60 години од упокојувањето на првиот верски референт на Македонија, протојерејот Вељо Т. Манчевски (17 април 1905 – с. Броштица, Дебарско – 23 јануари 1962 – Скопје), кој бил учесник на АСНОМ, учесник во НОБ, прв референт на Верското поверенство при Главниот штаб на НОВ и ПОМ, како и долгогодишен истакнат свештеник. -Овој заслужен историски великан,  како прв верски референт, со своето делување знаачително придонел за развој на верскиот живот и соживот во нашата земја, како и спречување на ширењето на странските пропаганди и влијанија, соопшти Комисијата. Настанот е во рамки на прославувањето на годинашните јубилеи поврзани со значајни настани и личности и е организиран во соработка со Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). Панихидата ќе биде одржана од 11 часот во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје со која ќе чиноначалствува архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан во сослужение на повеќемина свештенослужители. На поменот ќе присуствува директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски со своите соработници, како и членови на семејството и почитувачи на ликот и делото на Манчевски. По панихидата, државно-црковна делегација предводена од Сотировски ќе положи цвеќе на вечното почивалиште на верскиот референт Вељо Манчевски на Градските гробиште во Бутел. хс/

Остани поврзан