• четврток, 26 декември 2024

Панихида за загинатите припадници на безбедносните сили во „Диво Насеље“ во Куманово

Панихида за загинатите припадници на безбедносните сили во „Диво Насеље“ во Куманово
Куманово, 9 мај 2022 (МИА) - Денеска се навршуваат седум години од вооружената престрелка во кумановско „Диво Насеље“ на 9 и 10 мај 2015 година, во која загинаа осум припадници на безбедносните сили. Во Соборниот храм „Свети Никола“ во организација на група бранители од Куманово, денеска се одржа панихида во чест на загинатите припадници на безбедносните сили во настаните од „Диво Насеље“. Кумановци порачаа дека со тага и болка се сеќаваат на овој датум. - Денеска во црквата Свети Никола се одржува панихида во спомен на загинатите бранители кои го дадоа својот живот за Куманово. Сакам сите кумановци, да ги чествуваат овие борци кои животот го дадоа за Македонија, слава им, кажа Иван Цветковски, член на здружението бранители. Во „Диво Насеље“ во настаните од 9 и 10 мај 2015 животот го загубија Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со медали за храброст. Два дена градот живееше во неизвесност и страв во 28 часовните престрелки. Исклучително трагичниот настан засекогаш ќе остане во сеќавање на кумановци. Неодамна, кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски информираше дека во општината пристигнале две иницијативи за поставување спомен обележја за загинатите припадници на македонските безбедносни сили од конфликтот од 2001 година и за настанатите од кумановско „Диво Насеље“ 2015 година, од синдикатот на полициските службеници и од Здружението на воени и полициски ветерани од Куманово. ам/цр

Остани поврзан