• четврток, 26 декември 2024

Панел дискусија за подигнување на свеста за пописот на УЈИЕ, ректорот не верува дека ќе почне

Панел дискусија за подигнување на свеста за пописот на УЈИЕ, ректорот не верува дека ќе почне
Тетово, 11 март 2021 (МИА) - Универзитетот на југоисточна европа во Тетово денеска организираше панел-дискусија на тема „Потребата од подигнување на јавната свест за пописот на населението во Република Северна Македонија“. Ректорот на Универзитетот Абдулменаф Беџети во изјава за медиумите истакна дека лично не верува дека пописот ќе почне, но ако започне ќе биде во ред. - Оваа дебата е со цел да се поттикне и подигне свеста на граѓаните да учествуваат што е можно помасовно во овој процес, што е можно поподготвени. Малку треба опструкции за да биде неуспешно, а како за наши услови и поради политички цели, многу напори треба за да успее. Сите делуваме и работиме секој ден, не мислам дека пандемија може да биде реален ризик. На крајот ако се оцени како ризик секако дека конечниот збор ќе го има надлежната комисија за тоа. Ако ме прашувате лично мислам дека тешко и ќе се реализира овој попис.  Очекувањата се доколку влезе во процесот и почне ќе биде завршен како што треба. Ама јас мислам дека нема да почне, изјави Абдулменаф Беџети. Професорот од правниот факултет Јетон Шасивари вели дека со тоа што се евидентираат оние кои живеат во странство пописот е веќе почнат. Тој смета дека како држава имаме меѓународна обврска да спроведеме попис на населението и домаќинствата со цел да се покаже сериозност. -Меѓународната правна основа е солидна и нашата национална правна основа е солидна, имаме закон за попис, постои и методологија, тие се правни документи во сила. И државниот завод за статистика како дел од администрацијата со стручност се очекува да биде на ниво согласно обврските и надлежностите кои ги има како професионален орган. Се разбира ќе има дилеми во престојниот период и се очекува тие да се надминат и државата да покаже капацитет дека има можности и спремност да произведе успешен попис. Имавме пример на недоразбирања меѓу првиот и вториот човек на заводот за статистика, но се надмина и се пренесе порака дека се работи тимски, истакна професорот Јетон Шасивари. И според професорот и според ректорот законот за попис од 2021 за разлика од 2011 е со јасни дефиниции. -Во 2011 беше доста двосмислен законот и оставаше простор за разни интерпретации, се поврзано со нашите граѓани кои работат и живеат во странство. Тоа е сега доста изрично во законот и не остава таков простор. Второ недоверба имаше тогаш во институциите и немаше механизам за заштита и сега законот тоа го обезбедува, а тоа е поврзаниот потпис, рече Беџети. Тој се надева дека вкрстувањето на податоци ќе помогне да се евидентираат одредени дилеми како што се двојно живеалиште во два града. ас/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан