• вторник, 12 ноември 2024

Панел дискусија „ЕУ како предизвик и предизвиците на Европската Унија: Европа 74 години после Шумановата декларација”

Панел дискусија „ЕУ како предизвик и предизвиците на Европската Унија: Европа 74 години после Шумановата декларација”

Скопје, 3 јуни 2024 (МИА) - Европското движење во Република Северна Македонија во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер организираат настан по повод Денот на Европа – 9 Мај.

-По тој повод организираме целодневен настан со наслов “Европската Унија како предизвик и предизвиците на Европската Унија: Европа 74 години после Шумановата декларација” кој ќе се одржи денеска во Скопје. Настанот ќе започне со панел дискусија на истата тема, а предвидено е да се одржи и Младински клуб на тема „Младите и демократските вредности: Дали сакам, дали можам и како да бидам активен граѓанин?“, којшто вклучува ораторски натпревар, дебата и квиз на знаење за ЕУ, се вели во соопштението од организаторите.

На панел дискусијата се предвидува учеството на високи политички претставници од земјата, претставници на дипломатскиот кор, академската заедница, студенти и други релевантни чинители.

Организаторите најавуваат дека на настанот воведно обраќање ќе има Гордана Силјановска Давкова,  претседателка на Република Северна Македонија,а межудругите ќе се обратат и Петра Дрекслер, амбасадорка на Сојузна Република Германија, Хенрик Маркуш, амбасадор на Република Словачка

Настанот ќе го отворат Милева Ѓуровска, Претседателка на Европско движење, Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер и Бен Нупнау, заменик шеф на ЕУ Делегација. 

Во рамки на овој настан ќе биде доделена и плакетата за Европска личност на годината за 2023 година на оперскиот уметник Благој Нацоски.

Денот на Европа - 9 Мај, појаснуваат оттаму, ЕММК го одбележува уште од своето основање во 1991 година. сст/аа/

фото МИА архива

Остани поврзан