• среда, 18 декември 2024

Панел дискусија „Достоинствен живот или преживување?“

Панел дискусија „Достоинствен живот или преживување?“

Скопје, 12 октомври 2023 (МИА) - Панел дискусија со наслов „Достоинствен живот или преживување?“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Македонската платформа против сиромаштија (ПППС) во рамки на одбележувањето на интернационалниот ден за искоренување на сиромаштијата, 17 октомври, чија годинашна порака е „Пристојна работа и социјална заштита: достоинството во пракса, за сите!“

На неа ќе бидат презентирани „Poverty watch“ извештај за тековните трендови и политики за сиромаштија и социјална исклученост во Европа и кај нас, изработен од МППС и студијата на Асоцијација за инклузивен развој и одржлив развој- СИГА со наслов „Влијанието на инфлацијата врз сиромаштијата во Република Северна Македонија“ изработена од Бранимир Јовановиќ, економски истражувач, по што ќе се обратат Фатмир Битиќи - заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Иван Пешевски - потпретседател на Совет на ССМ за приватен сектор, член на претседателството и претседател на СГИП и Ангел Димитров - претседател на собранието на Организација на работодавачи на Македонија.

Панел дискусијата во организација на Македонската платформа против сиромаштијата (МППС), е поддржана од Европската платформа против сиромаштија (ЕАПН) и од Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларијата во Скопје, а се реализира во соработка со СИГА. вг/ев/

Фото: МППС

Остани поврзан