Панел дискусијата „Заложби за подобра иднина на младите – Младинска соработка и учество“
- Во Собранието на Република Северна Македонија денеска со почеток од 13 часот ќе се одржи панел дискусијата „Заложби за подобра иднина на младите – Младинска соработка и учество“ во рамките на која ќе биде потпишана и младинска декларација за да се поттикне активна соработка помеѓу младите.
Скопје, 20 септември 2023 (МИА) - Во Собранието на Република Северна Македонија денеска со почеток од 13 часот ќе се одржи панел дискусијата „Заложби за подобра иднина на младите – Младинска соработка и учество“ во рамките на која ќе биде потпишана и младинска декларација за да се поттикне активна соработка помеѓу младите.
Дискусијата се организира во рамки на иницијативата започната во 2022 година од страна на на локалната канцеларија на RYCO со поддршка на фондациите Фридрих Еберт и Конрад Аденауер, а во соработка со Клубот за младински прашања и политики на Собранието, со цел зајакнување на капацитетите на подмладоците на политичките партии кои имаат свои пратеници во клубот.
Во рамките на дискусијата ќе биде потпишана и младинска декларација за се поттикне активна соработка помеѓу младите. Декларација која била предложена покрај реализираните обуки за ефективно креирање на младински политики, од страна на учесниците кои ги претставуваа младинските организации на политичките партии: Алијанса за Албанците, Алтернатива, ДУИ, како и ЛиДеМ, СДММ и УМС. ар/лв/
ФОТО/RYCO