Панел-сесија на Преспа форумот посветена на важноста на жените во процесот на владеење
- Во рамки на овогодишниот Преспа форумот за дијалог, денеска се одржа панел-сесија на тема „Самит за демократија – Важноста на жените во процесот на владеење“, на којшто учествуваа високи прет

Скопје, 17 јуни 2022 (МИА) - Во рамки на овогодишниот Преспа форумот за дијалог, денеска се одржа панел-сесија на тема „Самит за демократија – Важноста на жените во процесот на владеење“, на којшто учествуваа високи претставници од земјата, регионот и пошироко, информира Министерството за надворешни работи.
Во соопштението се наведува дека воведно обраќање на панелот имала заменик министерката за надворешни работи, Фатмире Исаки која истакнала дека има видлив напредок во подобрувањето на родовиот баланс во општеството, но сепак потребно е да се вложат дополнителни напори за вклучување на жените во владеење, во процесите на донесување одлуки и во политиката воопшто.

