• среда, 25 декември 2024

Панел-дускусија „Безобѕирно управување со моторно возило - прекршок или кривично дело?”

Панел-дускусија „Безобѕирно управување со моторно возило - прекршок или кривично дело?”
Скопје, 17 октомври 2022 (МИА) - Панел-дискусија на тема „Безобѕирно управување со моторно возило - прекршок или кривично дело?” ќе се одржи денеска од  17 часот на Правниот факултет „Јустинијан Први” во организација на Европското здружение на студенти по право (ЕЛСА). Ова е прва дискусија што ја организира ЕЛСА чија мисија е, како што наведува претседателот на Здружението Арбен Мемети, да ги подготви студентите да бидат квалитетни правници кои ќе ја почитуваат културната разноликост и достоинството на човекот. -ЕЛСА како дел од своите активности го има организирањето семинари, работилници, дискусии, конференции на коишто активно учествуваат голем дел од студентите по право, наведува Мемети, кој е студент на Правниот факултет на УКИМ. На панел-дискусијата ќе учествуваат проф. д-р Александра Груевска, адвокатот Гоце Нестороски и судијата Снежана Марковска од Одделението за прекршоци. хс/лв/

Остани поврзан