• четврток, 19 декември 2024

Панел-дискусија „Патот до Брисел“

Панел-дискусија „Патот до Брисел“
Скопје, 25 мај 2022 (МИА) - Во Клубот на пратеници во Скопје денеска ќе се одржи панел дискусија „Патот до Брисел”, којашто е  воведен настан на годинашниот Преспа форум за дијалог. Најавено е обраќање на министерот за надворешни работи Бујар Османи, како и на генералниот секретар на Бледскиот стратешки форум и национален координатор за Западен Балкан, Петер Грк. Според агендата, ќе се обратат и Марија Симеонова, координатор на Програмата за поширока Европа и Софиската канцеларија на Европскиот совет за надворешни односи, Ардијан Хачкај, директор на Тиранскиот форум за поврзаност, Милена Лазаревиќ, програмски директор во Центарот за европски политики од Белград, Јелена Џанкиќ од Институтот на Европскиот универзитет во Фиренца, Демуш Шаша, извршен директор од Институтот за европски политики во Приштина и Едвард П. Џозеф, вонреден предавач на Универзитетот „Џонс Хопкинс“. бак/дма/

Остани поврзан