• среда, 25 декември 2024

Панел-дискусија во рамките на одбележувањето на Деновите на албанската азбука

Панел-дискусија во рамките на одбележувањето на Деновите на албанската азбука
Скопје, 15 ноември 2022 (МИА) - Во рамките на одбележувањето на Деновите на албанската азбука, Институтот за духовно и културо наследство на Албанците во соработка со Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците денеска организираа панел-дискусија, со контекст на албанолошките студии на германски јазик. Емин Аземи, раководител на Одделот за книжевност при Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје, истакна дека за германските истражувачи албанскиот јазик на некој начин беше и споредбена „отскочна даска“ со другите јазици за да се добијат најточни резултати на скалата на индоевропската лингвистика. - Значи, сите тие на почетокот не беа класични албанолози, туку или биле балканолози или слависти. Интересот на албанолозите кои зборуваат германски јазик за историјата на Албанците во сите нејзини културни, јазични, етно-психолошки и археолошки димензии има рана историска хронологија. Во 14 век ќе наидеме на трагите на албанологот Арнолд фон Харфи во 1497 година или во 15 век кој направил речник кој на прв поглед изгледаше мал и скромен, но во историјата на нашиот јазик тој има важна тежина бидејќи се евидентира и историјата на пишувањето. Хронолошки од 15, 16, 17, 18, 19 век до сега, секој век сме имале плејада албанолози кои оставиле трага не само со своите трудови туку и со прашањата кои ги покренале, рече Аземи. Професорката по албански јазик и книжевност Теута Арифи зборуваше за историскиот, литературниот и филозофскиот контекст на германската научна студија за албанската литература и јазик. - Интересот за албанската култура, а подоцна и за албанологијата е директен резултат на културната политика на германското говорно подрачје, која на некој начин гради значење не само за другите во културна смисла, туку гради и значење за себе во своето територијално и културно проширување, рече Арифи. Професорот Ќемаљ Мурати истакна дека еден од најистакнатите претставници на германската албанологија е Норберт Јокли. Потенцира дека во студиите на германските лингвисти немале политички интереси, туку имале и имаат лингвистички и филолошки интереси.фф/лв/

Остани поврзан