„Пандемски маскембал“ во основните училишта во Карпош
- Почитувајќи го „стариот протокол“, но со нови бујни идеи и креации, најмалите ученици во основните училишта во Карпош, кои посетуваат настава со физичко присуство го одбележаа Денот на шегата
![„Пандемски маскембал“ во основните училишта во Карпош](https://new.mia.mk/index.php/images/20221107005026_big_730x400_21.webp )
Скопје, 1 април 2021 (МИА) – Почитувајќи го „стариот протокол“, но со нови бујни идеи и креации, најмалите ученици во основните училишта во Карпош, кои посетуваат настава со физичко присуство го одбележаа 1 Април - Денот на шегата, информира Општина Карпош.
Од Општината велат дека децата кои не присуствуваа на „пандемскиот маскембал“ во школските дворови, креираа сајбер маскембал преку платформата Зум. ки/ац/