• среда, 25 декември 2024

Пандемијата на коронавирус виновна за смртта на повеќе од 3,7 милиони луѓе во светот

Пандемијата на коронавирус виновна за смртта на повеќе од 3,7 милиони луѓе во светот
Њујорк, 6 јуни 2021 (МИА) - Пандемијата на коронавирус усмрти најмалку 3.723,381 лице во светот откако канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО)  кон крајот на декември 2019 година  го регистрираше вирусот во Кина. Бројот на официјално регистрирани случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата е повеќе од 172.873.850. Повеќето пациенти се опоравуваат, но сепак дел од нив имаат симптоми со недели или дури повеќе месеци. СЗО дури пресмета, земајќи ја предвид смртноста, директно и индиректно поврзана со Ковид-19, дека бројот на смртни случаи поврзани со пандемија може да биде два до три пати поголем од официјално регистрираниот. Значителен дел од благи или асимптоматски случаи, исто така, остануваат неоткриени, и покрај зголемениот скрининг во многу земји. Вчера, регистрирани се 10.020 нови смртни случаи и 403.621 нови случаи на коронавирус во светот. ссм/  

Остани поврзан