• вторник, 24 декември 2024

Пандев: Признанието поттик да продолжам да го носам репрезентативниот дрес

Пандев: Признанието поттик да продолжам да го носам репрезентативниот дрес
Скопје, 18 февруари 2021 (МИА) – Со пласманот на претстојното Европско првенство го остваривме сонот на сите претходни генерации фудбалери, изјави вечерва капитенот на репрезентацијата Горан Пандев, по неговото прогласување за најдобар македонски спортист за 2020 година. Пандев поради патните рестрикции поврзани со коронавирусот не беше во можност да допатува од Италија и лично да ја прими наградата во традиционалниот избор на Агенцијата за млади и спорт, спортските федерации и новинарите, обраќајќи се преку видео врска од Џенова. - Жал ми е што не можам да присуствувам на оваа прекрасна вечер. Голема благодарност за наградата, која е заслуга на сите во репрезентацијата, а за мене ќе биде поттик да продолжам да го носам репрезентативниот дрес, што за мене е светост“, порача Пандев. Играчот за врска на Џенова вечерва стана само третиот фудбалер во историјата на македонскиот фудбал, на кого му е врачена наградата спортист на годината, по легендарниот голман на Вардар, Драган Мутибариќ, во 1974 година, и македонската репрезентативка Наташа Андонова во 2014 година. ег/зс/

Остани поврзан