• среда, 25 декември 2024

Панајотопулос: На Советот за внатрешни работи на ЕУ се согласивме да изработиме план за доброволно враќање на сириските граѓани

Панајотопулос: На Советот за внатрешни работи на ЕУ се согласивме да изработиме план за доброволно враќање на сириските граѓани

Атина, 12 декември 2024 (МИА) – Сите се согласивме за потребата да започнеме со изработка на план за враќање, на почетокот доброволно, на сите сириски граѓани кои сакаат да се вратат во својата земја, рече министерот за миграција и азил на Грција Никос Панајотопулос, по неговото учество на Советот за внатрешни работи на надлежните министри од земјите-членки на Европската унија во Брисел, јави дописничката на МИА од Атина.

Панајотопулос, како што соопштија од Министерството за миграција, на состанокот информирал за грчките позиции за прашањето за Сирија по падот на режимот на Асад, а се осврнал и на спроведувањето на Европскиот пакт за миграција и азил.

На маргините министерот се сретнал со неговиот италијански колега Матео Пиантедози и се согласиле дека со оглед на тоа што двете земји се соочуваат со заеднички предизвици, дека треба да продолжат со добрата соработка и на билатерално ниво и во рамките на групата МЕД5. ср/

Остани поврзан