• четврток, 26 декември 2024

Панајотопулос: Грција веднаш ќе го започне процесот за набавка на Ф-35 од САД

Панајотопулос: Грција веднаш ќе го започне процесот за набавка на Ф-35 од САД
Атина, 25 мај 2022 (МИА) – Министерот за одбрана на Грција Никос Панајотопулос соопшти дека веднаш ќе започне процесот за набавка на американски воени авиони Ф-35, нешто што го најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговата посета на САД, јави дописничката на МИА од Атина. Панајотопулос, на средбата со членови на програмата за воените авиони Ф-35, на која присуствувал и американскиот амбасадор во Атина Џорџ Цунис, истакнал дека Генералштабовите ќе ги преземат потребните активности во рамки на досегашната процедура за набавка на одбранбена опрема и било потенцирано дека „набавката на авионите Ф-35, што дополнително ќе ја зајакне способноста на земјата и интероперабилноста на вооружените сили на Грција и САД, го одразува стратешкото ниво на билатералните одбранбени односи“. Американскиот амбасадор преку „Твитер“ коментираше дека „авионите ќе ги зајакнат одбранбените капацитети на Грција, ќе ја продлабочат американско- грчката и НАТО интероперабилност, обезбедувајќи регионална стабилност“. ср/сд/.

Остани поврзан