• вторник, 24 декември 2024

Панатинаикос ја освои Евролигата

Панатинаикос ја освои Евролигата

 

Берлин, 26 мај 2024 (МИА) – Грчки Панатинаикос е нов кошаркарски европски првак, откако во вечерашното финале на Евролигата во Берлин го совлада шпански Реал Мадрид со 95-80.

Панатинаикос до европската круна дојде со одлична игра во второто полувреме во кое му дозволи на шпанскиот гигант да постигне само 26 поени, од кои седум во третата четвртина.

Костас Слоукас беше најефикасен во редовите на тимот од Атина, завршувајќи го финалето со 24 поени.

Џанан Муса на спротивната страна реализираше 15 поени, а ветеранот Серхио Љуљ постигна 12 кошеви.

За Панатинаикос ова е седма европска титула, а прва од 2011 година.

Реал со 11 европски титули останува рекордер, а ова беше 21 финале за составот од Мадрид. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан