• среда, 13 ноември 2024

Панатинаикос му нуди продолжување на договорот на Калатес со намалување на платата

Панатинаикос му нуди продолжување на договорот на Калатес со намалување на платата
Атина, 3 мај 2020 (МИА) – Евролигашот од Атина, Панатинаикос му понуди на плејмејкерот Ник Калетес, обновување на договорот со намалување на платата. Ова го соопшти Спортандо повикувајќи се на грчки извор. Новиот договор е дизајниран на 3 години, сумата според договорот е 1,8 милиони евра по сезона. Тековниот договор на Калетес истекува во 2021 година. Платата на кошаркарот е  2,2 милиони евра по сезона. Во сезоната 2019/20 во Евролигата, грчкиот кошаркар забележа просек од 13,3 поени, 4,9 скока и 9,1 асистенција по натпревар. зс/

Остани поврзан