• среда, 27 ноември 2024

„Панасоник“ гради фабрика за батерии за електромобили во САД

„Панасоник“ гради фабрика за батерии за електромобили во САД

Лос Анџелес, 14 јули 2022 (МИА) - Јапонската корпорација „Панасоник“ планира во американската сојузната држава Канзас, да изгради уште една фабрика за производство на батерии за електрични автомобили. Проектот вреди четири милијарди долари, објави „Волстрит журнал“.

Според наводите, компанијата веќе станува една од најголемите во областа на производството на батерии. Отворањето на погонот се очекува да отвори до 4.000 работни места. „Панасоник“, којшто произведува батерии за електромобилите на „Тесла“, веќе има заеднички инвестиции со оваа компанија за батерии и во Невада.  си/

Остани поврзан