• среда, 27 ноември 2024

Панамски трговски брод потопен во руски напади во Црното Море

Панамски трговски брод потопен во руски напади во Црното Море
Панама, 17 март 2022 (МИА) - Трговски брод кој пловел под панамско знаме е потопен во руски ракетни напади во Црното Море, а два други брода се оштетени, изјави претставник на Панамската поморска управа, додавајќи дека нема информации за жртви.
„Знаеме дека три брода беа погодени во руски ракетни напади“, изјави официјалниот претставник Нориел Араус.
Тој додаде дека руската морнарица забрани околу 200,300 бродови кои пловат под знамиња на различни земји „да излезат од Црното Море“.
Околу десет панамски бродови за транспорт на жито се блокирани во Црното Море. паг/
 

Остани поврзан