• петок, 27 декември 2024

Памела Андерсон првпат на „Бродвеј“, пееше во мјузиклот „Чикаго“

Памела Андерсон првпат на „Бродвеј“, пееше во мјузиклот „Чикаго“
Њујорк, 15 април 2022 (МИА) - Американската глумица Памела Андерсон среде шестото десетлетие од својот живот, го имаше своето деби во театарот „Бродвеј“ во Њујорк во вторникот, со улога во култниот мјузикл „Чикаго“. Како што пренесува „Инсајд“, Памела ја глуми Рокси Харт, па по крајот на претставата примила букет црвени рози и уживала во долгиот аплауз. Критичарот Џони Олексинск оцени дека Андерсон „пеела многу добро“ и ја пофали за сложената кореографија на крајот од мјузиклот. Пред неа, Рокси Харт во „Чикаго“ ја глумеле Брук Шилдс, Ешли Симпсон, Лиза Рајан, Ерика Џејн, Кристи Бринкли, Мелани Грифит, Рене Зелвегер.  си/сд/ https://www.youtube.com/watch?v=WCt9CYgxI3U

Остани поврзан