• петок, 27 декември 2024

Палестинци и Германци првите странски гости во Норас ранчот кај Кичево по 15 месеци

Палестинци и Германци првите странски гости во Норас ранчот кај Кичево по 15 месеци
Кичево, 13 јули 2021 (МИА) - Пандемијата со Ковид-19 беше единствена причина зошто во Норас ранчот кај Кичево, цели 15 месеци не стапна ниту еден странец, а ретки беа и гостите од земјава. Со подобрувањето со состојбата со пандемијата, се отвори можноста гостите од странство повторно да се вратат во оваа оаза на недопрена природа и првокласна храна. - Подобрената состојба поврзана со Ковид-19, повторно го врати интересот на странците за нашиот ранч.Така претходните две седмици прв пат имавме можност да примиме странски гости, а се работеше за група од девет Палестинци, кои дојдоа со единствена цел што подолго да јаваат и останат во недопрената природа.Задоволни од проводот во ранчот палестинските гости ветија дека повторно ќе се вратат тука во некоја наредна прилика, сега во поголем број и во друштво со нивни роднини и пријатели, вели Енвер Алими, сопственик на Норас ранчот. Тој не го криеше задоволството што повторно интерес за неговиот ранч пројавија најмногубројните и најредовни гости Германците. - Покрај групата Палестинци кои штотуку го напуштија нашиот ранч, има најави за доаѓање на германски туристи, што е добар предзнак дека нашите најредовни гости,Германците, повторно се враќаат на ранчот, додава Алими. Најави и нови содржини со кои ќе го зголеми интересот за овој простор. - Паралелно со туристичките тури, во нашиот ранч создадовме перфектни услови и за организирање свадби на отворен простор, на кои ќе можат да присуствуваат повеќе од 1 000 гости и каде во целост ќе бидат испочитувани  критериумите за заштита од Ковид-19.Очекуваме во наредниот период кога бројот на свадби во нашиот регион значајно ќе порасне, дека ќе има интерес и на нашиот ранч да се направат дел од овие снабдени веселби, додаде тој. за/цр

Остани поврзан