• среда, 19 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Палестински Исламски џихад соопшти дека се приклучил на разговорите во Катар за прекин на огнот во Газа

Палестински Исламски џихад соопшти дека се приклучил на разговорите во Катар за прекин на огнот во Газа

Катар, 15 јануари 2025 (МИА) – Официјален претставник на Исламски џихад изјавил дека делегација на палестинската група пристигнала во Катар за да учествува во разговорите за примирје во Газа и размена на затвореници со Израел, јави Тајмс оф Израел.

- Висока делегација на Исламскиот џихад синоќа пристигна во Доха, рекол официјалниот претставник, кој сакал да остане анонимен бидејќи не е овластен јавно да зборува за разговорите.

Тој додал дека „разговорите се во тек, фокусирајќи се на механизмот за спроведување на договорот за прекин на огнот и имињата на палестинските затвореници вклучени во договорот за размена“. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан