• среда, 25 декември 2024

Палестинските деца во јужниот дел на Појасот Газа се вакцинираат против детска парализа

Палестинските деца во јужниот дел на Појасот Газа се вакцинираат против детска парализа

Газа, 6 септември 2024 (МИА) - Големи групи Палестинци се собраа во медицинските центри во јужниот дел на Појасот Газа за да ги вакцинираат своите деца против детска парализа во втората фаза од кампањата, во која досега се вакцинирани околу 187.000 млади луѓе.

Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (УНРВА) соопшти дека кампањата за вакцинација, овозможена откако палестинското исламистичко движење Хамас и Израел се согласија на привремена пауза во борбите, досега била успешна, но комплицирана. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан