Брз, лесен и вкусен оброк.
Состојки:
- 750 мл вода
- 1 коцка за супа (по избор)
- 20 грама путер
- 50 грама фета сирење
- сол по вкус
- Мешан зеленчук:
- 3 црвени пиперки
- 1 кромид
- 1 чешне лук
- маслиново масло
- оригано
- 200 грама ситно сецкани домати
- сол, бибер
Подготовка:
Прво подгответе го зеленчукот: Загрејте го маслото и пропржете го ситно исецканиот кромид и лук, веднаш додадете ги пиперките, посолете ги и добро пропржете, мешајќи постојано. Сега додадете ги ситно исецканите домати, зачинете по вкус и пржете на тивок оган, мешајќи повремено. Кога пиперките ќе омекнат, зачинете по вкус. Сега гответе ја полентата: Измешајте ја водата со коцката додека не се раствори, потоа додадете сол по вкус, и ставете ја на шпорет. Додадете го путерот и кога смесата ќе почне да се загрева, веднаш додадете ја палентата, добро измешајте со дрвена лажица околу неколку минути додека не почне да се одвојува од садот.Тргнете го тенџерето од шпорет и веднаш додадете го ренданото сирење, промешајте и сервирајте со зеленчукот.
Фото: Фрипик