• среда, 25 декември 2024

Палевски спроведен пред судија на претходна постапка

Палевски спроведен пред судија на претходна постапка

Скопје, 21 мај 2024 (МИА) - Љупчо Палевски Палчо попладнево е однесен пред судија на претходна постапка. Палевски е осомничен дека за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. 

Палевски, кој беше спроведен од полицијата со спуштена глава, прашан од медиумите да дали ги сторил убиствата и дали ќе се брани со молчење рече „не“.

Тој е првпат изведен пред судија на претходна постапка по екстрадицијата од Турција, каде побегна и потоа беше фатен од тамошната полиција. ев/aa/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан