• четврток, 26 декември 2024

Палатата на Софија Вергара - инспирирана од историјата и раскошната природа наоколу

Палатата на Софија Вергара - инспирирана од историјата и раскошната природа наоколу

Лос Анџелес, 7 февруари 2024 (МИА) - Латиноамериканската глумица Софија Вергара за „Аркитекчурал дајџест“ (Architectural Digest) ги отвори вратите од својата луксузна палата во Лос Анџелес.

Ѕвездата од новата серија „Гризелда“ на „Нетфликс“ за озлогласената кралица на организираниот наркокриминал, е на насловната страница од мартовскиот број на списанието за архитектура. Таа во интервјуто вели дека имало неколку предизвици при уредувањето на домот. Имено, покрај пространите соби и високите тавани, Вергара сакала куќата да биде „удобна како дом“ - место каде што луѓето ќе може да се дружат и опуштаат.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Architectural Digest (@archdigest)

- Архитектурата од 1990-тите не ми ја исполнуваше баш замислата за куќа со историја и текстура - куќа којашто „живее“... За среќа, Инстаграм ме поврза со совршениот соработник за мисијата на трансформација - дизајнерката Охара Дејвис-Гаетано... Не се плашам да трошам пари, но тоа мора да биде за нешто практично, а не само за работите тука да изгледаат добро. Не сакав мебел што е толку скап што луѓето би плашеле да го користат и да уживаат во него, изјави Вергара.

Домот на Вергара, така, сега е спој од историски шарм и раскошни детали, на пр. - барокни фотељи во дневната соба, шпански лустер во дневната и рачно изработен цветен гипс на таванот на трпезаријата.

Иако има примеси на црвено на мекиот мебел, боите на домот се главно неутрални и смирувачки. Ентериерот, но и околината, се надополнети со многу растенија и зеленило.

- Отворените простори на имотот ми беа најпривлечни. Ми се допадна тоа што можеше да се види пејзажот од секоја соба, иако сѐ уште немаше голем дел од градината за гледање. Знаев што ќе сторам за да си направам моја куќа, објасни таа.

Инаку, и околу ова реновирање имаше контроверзии. Во ноември лани, изведувачите кои работеа на имотот, ја тужеа Вергара за 1,7 милиони долари, тврдејќи дека таа го прекршила договорот и ги тормозла работниците. Адвокатите на Вергара ги оспорија наводите и оваа година поднесоа противтужба, велејќи дека изведувачот тужел откако таа се пожалила на „несовесна и неправилна работа“, според судските записи.  си/

Фото: „Аркитекчурал дајџест“, Инстаграм

Остани поврзан