• недела, 01 септември 2024

Паламар: Командата на „Азов“ се уште е во Азовстал, во тек е соодветна операција

Паламар: Командата на „Азов“ се уште е во Азовстал, во тек е соодветна операција
Мариупол, 19 мај 2022 (МИА) - Заменик командантот на „Азов“, Свјатослав Паламар, денеска објави нова порака на Телеграм во која кажува дека командата на единицата се уште се наоѓа во подземните тунели на огромната фабрика во Мариупол, која во последните два месеца прерасна во своевиден симбол на украинскиот отпор. "Слава на Украина! Денеска е 85-ти ден од војната. Командата и јас сме во просториите на фабриката Азовстал. Во тек е операција, нема да давам детали. Му благодарам на целиот свет и на Украина за поддршката. Се гледаме“, изјави Паламар. Од неговата изјава, меѓутоа, остана нејасно за каква операција станува збор во челичарницата во Азовстал од која во последните два дена се предадоа над 1.700 украински војници.сд/  

Остани поврзан