• недела, 28 јули 2024

Пакистан успешно го тестираше ракетниот систем Фатах-II

Пакистан успешно го тестираше ракетниот систем Фатах-II

Карачи, 27 декември 2023 (МИА) - Пакистан денеска изврши успешно пробно лансирање на својот домашен насочуван повеќелиниски ракетен систем, објави војската на земјата.

Фатах-II е опремен со софистициран систем за навигација и единствена патека за летање, се вели во соопштението за печатот на пакистанската армија.

„Системот е способен да погоди цели со висока прецизност со дострел од 400 километри“, се додава во соопштението.

На тестот присуствуваа високи офицери, како и научници и инженери.

Претседателот Ариф Алви и високи воени претставници им честитаа на војниците и научниците кои учествуваа во успешното тестирање.

Во 2021 година, Пакистан изврши успешно пробно лансирање на Фатах-I, додека претходно Исламабад спроведе успешен тест на крстосувачката ракета Раад-II. ссм/

 

Остани поврзан