• среда, 27 ноември 2024

Пакистан подготвува хотели за евакуираните Авганистанци

Пакистан подготвува хотели за евакуираните Авганистанци
Исламабад, 27 август 2021 (МИА) - Пакистанските власти побараа од хотелите во Исламабад да ги стопираат резервациите, со цел да се ослободи простор за лицата кои ќе транзитираат низ Пакистан по евакуацијата од Авганистан. Од хотелите е побарано стопирање на резервациите во рок од 21 ден. Барањето на пакистанските власти уследи по вчерашниот напад врз аеродромот во Кабул при што загинаа најмалку 70 Авганистанци и 13 американски војници. ми/

Остани поврзан