• сабота, 23 ноември 2024

Пакистанскиот премиер Имран Кан сака јавно погубување на силувачите, а заради ЕУ предлага хемиска кастрација

Пакистанскиот премиер Имран Кан сака јавно погубување на силувачите, а заради ЕУ предлага хемиска кастрација
Исламабад, 14 септември 2020 (МИА) - Пакистанскиот премиер, Имран Кан, денеска изјави дека сака осудените силувачи да бидат јавно погубени или хемиски кастрирани, пренесоа британските медиуми. Пакистан минатата недела беше потресен од случајот на силување на жена, мајка на две деца, која сама се возела по автопатот во близина на Лахоре, а двајца мажи ја извлекле од автомобилот, впериле пиштол во неа и ја силувале. Денеска е уапсен едниот од силувачите, а по вториот се уште се трага. Кан смета дека виновниците треба јавно да бидат обесени, но советниците му кажале дека одлуката може да го загрози посебниот трговски статус што на Пакистан му е доделен од ЕУ. Земјата го доби овој статус во 2014 година и тој е условен со меѓународните конвенции, вклучувајќи ги и почитувањето на човековите права. Затоа премиерот Кан додава дека место бесење, сега се разгледува опцијата за хемиска кастрација за силувачите. Силувањето на жената предизвика бес и предизвика протести низ Пакистан, на кои се бара бесење за силувачите. сд/

Остани поврзан