• четврток, 26 декември 2024

Пакистанец си ja застрелал ќерката зашто сакал син

Пакистанец си ja застрелал ќерката зашто сакал син
Исламабад, 10 март 2022 (МИА) - Пакистанската полиција денеска уапси маж осомничен дека го убил своето седумдневно девојче, затоа што сакал неговото првородено дете да биде машко, соопштија властите во градот Мјанвали. Бебето по име Џенет, што на официјалниот урду јазик во Пакистан, значи „рај“, било застрелано со огнено оружје во понеделникот неколкупати, соопшти полицијата. Осомничениот е уапсен во близина, се вели во извештајот на полицијата. Организациите за човековите права предупредуваат дека девојчињата и жените во Пакистан редовно се соочуваат со насилство од најразлични причини. Оваа земја е на трето место над последното, во однос на родовата еднаквост, се наведува во извештај на Светскиот економски форум за 2021 година.  си/

Остани поврзан