• четврток, 09 јануари 2025

Пад на наталитетот и склучени бракови во Велес во 2024

Пад на наталитетот и склучени бракови во Велес во 2024

Велес, 8 јануари 2024 - (МИА) - Триесет и осум бебиња помалку се заведени во матичната книга во Општина  Велес, минатата 2024 година, во споредба со 2023 година. Според базата на податоци на подрачно одделение на Управата за водење матични книги, лани бројот на издадени изводи од матична книга на родени изнесува 352 документи, додека во 2023 година оваа бројка изнесувала 390 документи.

Надолна линија бележи и бројката на склучени граѓански бракови, бидејќи минатата година ова подрачно одделение издало вкупно 341 изводи на венчани или 23 помалку во споредба со 2023 година, кога биле склучени 364 бракови.

Бројот на издадени изводи на починати граѓани, од друга страна, е пораснат, и тоа за 34 документи повеќе во споредба со 2023 година кога биле издадени вкупно 499 документи.ад/ар
Фото:МИА архива 

Остани поврзан