• недела, 29 декември 2024

Пад на Азиската берза, инвеститорите ја намалуваат изложеноста на ризик пред изборите во САД

Пад на Азиската берза, инвеститорите ја намалуваат изложеноста на ризик пред изборите во САД
Токио, 20 октомври 2020 (МИА) - Азиската берза денеска забележа пад затоа што голем број инвеститори одлучија да ја намалат изложеноста на ризик пред изборите во САД на 3 ноември, но и поради крајниот рок Вашингтон да предложи закон за пакет економска помош на своите граѓани. Азиско-пацифичките акции надвор од Јапонија се во пад од 0,11 проценти, додека акциите на САД завршија во црвената зона. Австралискиот и јапонскиот пазар исто така паднаа за 0,09 проценти. Крис Вестон, претседател на берзата во Мелбурн, рече дека иако постои загриженост во врска со економската помош на САД, најновите забележани падови се должат нпоради позиционирањето пред претседателските избори на 3 ноември. - Дали некој навистина сака да ризикува поради ситуации што лесно можат да станат запалливи? Влегуваме на територијата на Дивиот Запад каде што ќе има се повеќе турбуленции, рече Вестон. Јапонскиот „Никеи“ падна за 0,34 отсто, а индексот „Ханг Сен“ од Хонг Конг скокна за 0,16 отсто. Инвеститорите го чекаат крајот на неделата и резултатите на компаниите како Нетфликс и Тесла. Се чека последната дебата меѓу Доналд Трамп и Џо Бајден, кандидатите на изборите во САД во четврток, што може да го одреди текот на изборите. паг/

Остани поврзан