• сабота, 23 ноември 2024

Пад во прометот во номиналната стапка во трговијата на мало со автомобилски горива

Пад во прометот во номиналната стапка во трговијата на мало со автомобилски горива

Скопје, 1 август 2023 (МИА) -  Во трговијата на мало во јуни годинава во споредба со јуни минатата година статистиката евидентира пад во прометот само во номиналната стапка во групата Трговија на мало со автомобилски горива и тоа за 21,2 проценти.

Како што објави Државниот завод за сттаистика, зголемување на прометот е забележано во групите Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално за 11,5  проценти, а реално за еден процент, Трговија на мало, освен трговија со горива номинално за 10,9  проценти, а реално за 1,8  проценти и Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво номинално за 10,3  проценти, а реално за 2,8  проценти. лв/дма/

фото: МИА архива  

Остани поврзан