• понеделник, 07 октомври 2024

Павар се повреди пред реваншот против Челси во Лигата на шампионите

Павар се повреди пред реваншот против Челси во Лигата на шампионите
Минхен, 27 јули 2020 (МИА) – Дефанзивецот на Баерн, Бенџамин Павар, се повреди на тренинзите, соопшти клубот од Минхен. Французинот го напушти теренот на носилки. Според резултатите од медицинскиот преглед, му бил дијагностициран оштетување на лигаментите на левиот глужд. Павар најверојатно ќе го пропушти реваншот од осминафиналната рунда во Лигата на шампионите на 8 август против Челзи. На првиот меч Баерн како гостин победи со 3:0. Оваа сезона, 24-годишниот Французин има четири гола и седум асистенции на 46 одиграни натпревари. зс/  
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан