• петок, 27 декември 2024

Павар: Не сакавме да бидеме во иста ситуација како Аргентина

Павар: Не сакавме да бидеме во иста ситуација како Аргентина
Ал Вакрах, 23 ноември 2022 (МИА) - Францускиот дефанзивец Бенжамин Павар се осврна на победата над Австралија (4:1) синоќа на натпреварот од Светското првенство во 2022 година. - Видовме дека Аргентина имаше тешкотии со Саудиска Арабија. Не сакавме да бидеме во иста ситуација. Игравме добро, играчите беа смирени дури и кога губевме, изјави Павар за „ГФФН“. Француската селекција е водечка во групата Д по 1.коло со 3 бода, Данска и Тунис имаат по 1 бод, Австралија е последна без ниту еден бод. Следниот натпревар францускиот тим го игра на 26 ноември против Данска, а Австралијците истиот ден ќе се сретнат со Тунис. зс/

Остани поврзан