• четврток, 26 декември 2024

О2 Иницијатива апелира Уставниот суд да го преразгледа планот за зграда зад бензинската на „Макпетрол“ во Карпош

О2 Иницијатива апелира Уставниот суд да го преразгледа планот за зграда зад  бензинската на „Макпетрол“ во Карпош

Скопје, 26 октомври 2023

Апел до уставните судии кои гласале против поведување на постапка по предметот У.бр.52/2022 за оспорување на Одлука за донесување на ДУП за Градска четврт 3 05 помеѓу бул. Илинден, бул. 8 Септемри, бул. Партизански одреди и ул. Љубљанска во Општина Карпош-Скопје од 6.11.2013, дополнително да го разгледаат случајот и да поднесат друго мислење во најбрз можен рок, за предметот повторно да се стави на гласање, со оглед дека со реализација на овој урбанистички план ќе настанат тешки неотстранливи последици.

Уставниот судија известител по овој предмет, Дарко Костадиновски, е против поведување на постапка по овој предмет, иако основата за оспорување на Одлуката за донесување на ДУП за Градска четврт 3 05 е како и во бројните предмети на кои досега работел Уставниот суд, повел постапки по истите и ги укинал оспорените детални урбанистички планови, каде и самиот судија известител гласал за вакви одлуки на Судот.

Вакви предмети се У.бр.95/2017-1 од 20.6.2018, У.бр.134/2017-1 од 9.7.2018, У.бр.136/2017-1 од 9.7.2018, У.бр.135/2017-1 од 05.12.2018, У.бр.123/2018-1 од 25.9.2019, У.бр.80/2019-1 од 13.11.2019, У.бр.34/2021-1 од 9.9.2021, У.бр.35/2021-1 од 2.2.2022 и У.бр.36/2021-1 од 9.2.2022.

Инаку, врз основа на овој ДУП, кој е изгласан во ноември 2013 год. од советниците на ГРОМ и ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата во тогашниот мандат на Стевчо Јакимовски во општина Карпош, каде е вцртана маркичка за 28 катница, се планира изградба на споени згради од 2, 11, 18 и 19 ката, вкупно 50 ката со 419 стана.

Инвеститори се ЗСФ КОМ на еден од најмоќните градежници во земјава, озлогласениот Фатмир Етеми и Делта 2015 Констракшн, која до лани беше во сопственост на Орка Холдинг на семејството на Орце Камчев, кога се продава за 5 милиони евра и недвижен имот во вредност од 8 милиони евра од новата градба, што претставува 25 отсто од објектот, на Специјал Градба во сопственост на бизнисменот Кочо Стојчески, некогашен државен службеник вработуван од СДСМ.
Во меѓувреме Уставниот суд го укина регулацискиот план за оваа четврт, со кој беше ограничена висината на градбите. Подносител на иницијативата е адвокатот Бојан Милошевски, поранешен секретар на општина Карпош во изминатиот мандат на Стевчо Јакимовски, кој во овој мандат бил ангажиран за адвокатски услуги од општина Карпош.

 

О2 Иницијатива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Фото: Фејсбук

Остани поврзан