• петок, 27 декември 2024

ОЈО утре ќе информира за случајот за Жан Митрев

ОЈО утре ќе информира за случајот за Жан Митрев

Скопје, 9 јануaри 2023 (МИА) – Основното јавно обвинителство утре на средба со новинарите ќе информира за текот на постапувањето по предметот за сопственикот на клиниката „Жан Митрев“, доктор Жан Митрев, во врска со сомневањата за измама на пациенти, што беше отворен по документарецот што го објави ИРЛ, според кој, во клиниката бил злоупотребен метод за лекување хемофилтрација во текот на пандемијата со корона-вирусот.

– На брифингот ќе присуствуваат Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски и надлежниот јавен обвинител во предметот Искра Хаџи Василева, информираа од ОЈО.

Митрев на гостување во емисијата „Топ Тема“ на ТВ „Телма“ рече дека вечерва дознал оти ОЈО ќе информира за случајот, нагласувајќи дека не знае зошто е толку потребно јавноста да биде претходно инволвирана, т.е. медиумите.

Според д-р Митрев, ниту еден пациент не бил доведен во заблуда. Хемофилтрацијата, според него, е релативно стар метод и како што појасни не се употребува за лекување на Ковид и други инфективни болести, туку е помагало, а не метод за лекување.

– Тоа е слично на хемодијализа. Од самото основање ја користиме хемофилтрацијата, а овој нов начин е од 2008 година, додека новиот филтер е од 2013 година што е поврзан со некои имунолошки активности. Пациент кога ќе западне во форма на болеста кога откажуваат бубрезите и срцето се оптоварува, ако не го ставите на таква процедура, пациентот секако ќе почине. Ние не лекувавме Ковид, туку состојба предизвикана од вирусот, рече д-р Митрев. см/бак/

Остани поврзан