• недела, 24 ноември 2024

ОЈО: Тројца обвинети за користење лажни ПЦР тестови за да ја напуштат државата

ОЈО: Тројца обвинети за користење лажни ПЦР тестови за да ја напуштат државата
Скопје, 16 март 2021 (МИА) - Против двајца турски и еден швајцарски државјанин Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителни предлози заради кривично дело „фалсификување исправа“, согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик. - Во одвоени кривично-правни настани, обвинетите го сториле делото така што на пасошката контрола на Меѓународниот аеродром Скопје, при излез од државава, прикажале лажни потврди за негативни ПЦР тестови за корона вирусот, се вели во соопштението на ОЈО. Иако воопшто не се тестирале во наведените лаборатории во Скопје и знаеле дека потврдите се лажни, се додава во соопшението на ОЈО, обвинетите ги прикажале сертификатите како вистински пред овластените службени лица. аа/сп/

Остани поврзан