• четврток, 26 декември 2024

ОЈО со истржна постапка за скопјанец осомничен за илегална трговија со кокаин

ОЈО со истржна постапка за скопјанец осомничен за илегална трговија со кокаин
Скопје, 14 октомври 2022 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен скопјанец, откако полициски службеници во неговиот автомобил пронашле 1109,93 грама кокаин. Како што денеска соопшти Јавното обвинителство, дрогата била пронајдена при претрес на автомобилот на 13 октомври, при што полицијата пронашла и дигитална вага со траги од наркотична дрога. - Со ова постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд - Скопје доставил предлог за определување мерка притвор, имајќи ги предвид околностите кои упатуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство, да влијае врз постапката или да го повтори делото. цр/сп/

Остани поврзан