• среда, 18 декември 2024

ОЈО Охрид оформи предмет за евентуални пропусти при регистрацијата на Здружението „Цар Борис Трети“ 

ОЈО Охрид оформи предмет за евентуални пропусти при регистрацијата на Здружението „Цар Борис Трети“ 
Скопје, 16 август 2022 (МИА) - Основното јавно обвинителство Охрид денеска по допрен глас оформи предмет за да ги испита наводите за евентуални пропусти при регистрацијата на Здружението на граѓани „Цар Борис Трети“ – Охрид. Како што информираат од Јавното обвинителство, издадена е наредба до Централниот регистар за обезбедување на целокупната документација поврзана со регистрацијата на наведеното здружение. Од мај годинава, по поднесена кривична пријава од една политичка партија, исто така, оформен е предмет и во Основното јавно обвинителство Битола кој се однесува на регистрацијата и функционирањето на Културниот центар „Иван (Ванчо) Михајлов“. Постапувајќи по пријавата, надлежниот јавен обвинител издаде наредби за обезбедување докази до СВР Битола, како и барања за податоци од Централниот регистар и Министерството за правда.​ аа/са/  

Остани поврзан