• вторник, 24 декември 2024

ОЈО: Извршен увид на местото на убиството во Боговиње

ОЈО: Извршен увид на местото на убиството во Боговиње

Скопје, 2 јуни 2024 (МИА) - Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид на местото во Боговиње каде едно лице беше лишено од живот со огнено оружје. 

Како што информира ОЈО, сторителот е идентификуван и лишен од слобода, а кај него е пронајдено и оружјето со кое го извршил делото.

-Според првичните информации, настанот се случил во угостителски објект во кој во тој момент имало и други лица. Осомничениот и жртвата имале вербална расправија, по што сторителот извадил огнено оружје и започнал да пука. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот, како и наредба за прибирање и вештачење на траги од лице место. Ќе се вршат разговори со сведоци на настанот и со други лица, соопшти ОЈО.вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан