• четврток, 17 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ОЈО Велес поднесе обвинителен предлог за петмина Косовци кои го прекршиле полицискиот час

ОЈО Велес поднесе обвинителен предлог за петмина Косовци кои го прекршиле полицискиот час
Скопје, 25 март 2021 (МИА) - Основното јавно обвинителство во Велес до Основен суд Велес поднесе обвинителен предлог против пет лица - косовски државјани за кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 од Кривичниот законик. - Обвинетите на 24.3.2021 година во 23:40 часот со автомобил се движеле по автопат Е-75, при што кај наплатната станица Виничани се сопрени и легитимирани од полициски службеници на СВР Велес, се вели во соопштението до ОЈО. аа/сп/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан