• среда, 25 декември 2024

Бојмацалиев: Безбедносната состојба во реонот на СВР - Охрид поволна, приведувањето на новинарот ќе го разгледува внатрешна контрола во МВР

Бојмацалиев: Безбедносната состојба во реонот на СВР - Охрид поволна, приведувањето на новинарот ќе го разгледува внатрешна контрола во МВР

Охрид, 8 април 2024 (МИА) – Безбедносната ситуација на подрајето под ингеренции на СВР – Охрид е поволна, со евидентирано намалување на кривични дела и на сообрајќајни незгоди со несакани последици и телесни повреди. Тоа го соопшти дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, кој заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, денеска беше во работна посета на СВР – Охрид, Езерската полиција и на Граничниот премин „Свети Наум“.

- На состанокот со раководството на СВР – Охрид разговаравме и за тековната оперативна акција – претседателски и парламентарни избори 2024 година. Досега имаме одлична комуникација со сите политички партии и немаме индиции за нарушување на изборниот процес. А така ќе продолжиме во тесна комуникација и со граѓаните и со партиите, се со цел полицијата да биде на терен со нив и да го гарантираме изборниот процес, рече Бојмацалиев.

Тој ја искористи можноста да потсети дека МВР во 2020 година набави нови шест пловни објекти, со средства обезбедени дел од буџетот на МВР дел со донација од Чешката Република, со што е решен уште еден проблем во чувањето и обезбедувањето на граничната линија на Охридското Езеро.

Што се однесува на вчерашниот настан и приведувањето на новинарот Фуркан Салиу, дополнителниот заменик-министер посочи дека ја разбира бурната реакција кај јавноста, воздржувајќи се од дополнителен коментар од она што содржи соопштениото од МВР.

- Во моментов имаме министер од политичка партија која во минатото знаеше да се спротистави на гласните новинари, да затвора телевизии...Сосема оправдано што граѓаните реагираат, јас нема повеќе ништо да додадам од она што е соопштено од МВР. Од денеска за тоа што се случувало, зошто е уапсен и на кој начин новинарот, вклучена е и внатрешна контрола, така што мојот коментар ќе го дадам по извештајот од спроведната контрола, рече тој.

На прашањето на новинарите дали можело и поинаку да се постапи, Бојмацалиев рече дека секогаш постојат повеќе начини да се постапува, а дали тоа бил исправниот начин тоа ќе го покаже внатрешната контрола по случајот. аб/аа/

фото/МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан