• недела, 24 ноември 2024

Оштетен плочникот на плоштадот „Македонија“, Град Скопје ќе бара надомест

Оштетен плочникот на плоштадот „Македонија“, Град Скопје ќе бара надомест

Скопје, 30 август 2022 (МИА)Приватен субјект со камион без дозвола неовластено влегол на плоштадот „Македонија“, по што е причинета штета на плочникот.

Град Скопје остро го осудува овој чин и најави дека ќе ги преземе сите законски мерки за извршување на инспекциски надзор и за санкционирање. За причинетата штета врз јавните добра на плоштадот, како што се наведува, ќе се бара надомест на штета.

-Ваквото однесување од страна на поединци е недозволиво и за тоа ќе се спроведат најстроги санкции, се вели во соопштението од Град Скопје. мд/лв/

 

Остани поврзан