• среда, 25 декември 2024

Оштетено стаклото од просториите на бугарскиот клуб во Охрид

Оштетено стаклото од просториите на бугарскиот клуб во Охрид
Охрид, 21 ноември 2022 (МИА) - Оштетено е стаклото и дел од светлечката реклама на бугарскиот клуб „Цар Борис трети“ во Охрид. СВР Охрид денеска соопшти дека оштетувањето било пријавено ноќеска во 2 часот и 5 минути. - Во СВР Охрид пријавено е оштетување на стакло од излог на „Здружение на граѓани Цар Борис III“, лоцирано на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид. Полициски екипи извршија увид и се работи на расветлување на настанот, изјави за МИА портпаролот Стефан Димоски. Оштетувањето, според првичните информации било направено со тврд предмет, камен. Пред повеќе од еден месец, односно само неколку дена од отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид беше искршена таблата на која е испишано името на здружението. Кривичното дело го направил 47 годишен охриѓанец, кој сам се пријавил во полиција. сс/цр

Остани поврзан