• недела, 28 јули 2024

Оштетениот детски „брод“ во Карпош се заменува со нови реквизити

Оштетениот детски „брод“ во Карпош се заменува со нови реквизити
Скопје, 1 апри 2021 (МИА) - Општина Карпош деновиве започнува со отстранување на оштетените и дотраени реквизити од детското игралиште спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“, во урбаната заедница „Пецо Божиновски – Кочо“. Како што информираат од општината, популарниот „брод“ е целосно оштетен и небезбеден за користење и рекреација на најмладите. Од таа причина, целосно ќе се демонтираат реквизитите и во текот на април ќе бидат поставени нови. Воедно ги повикуваат родителите, кои најчесто ја посетуваат оваа зона со своите деца, привремено, додека траат изведбените активности, да не се рекреираат во овој дел од Карпош и апелираат на правилно и одговорно користење на урбаната опрема. ар/lv/

Остани поврзан