Оценки: Најдобрите и најлошите чоколадни кремови
- „Малку премногу благ, интензивен сладок мирис. Неговата текстура е мазна, доста лесен за мачкање." Оценка: 3.

Загреб, 16 септември 2022 (МИА) - Тим дегустатори од Хрватска одлучија да ги пробаат најпознатите чоколадни кремови од ова поднебје и да ги оценат, секој одделно.
„Жирито“ беше составено од четири члена: Ивана Рамиќ, Ана Корениќ, Мартина Медур и Звонимир Алач. Критички се пристапи кон процесот на дегустација и се добија оцени според вкусот и текстурата (од 1 до 5). „Нутела“ Ана: „Малку премногу благ, интензивен сладок мирис. Неговата текстура е мазна, доста лесен за мачкање." Оценка: 3. Ивана: „Не е премногу сладок, се чувствува нугата - познат вкус. Текстурата му е мазна, густа“. Оценка: 4+. Мартина: „На прв залак, слатко, премногу благо. Текстурата му е густа, тешка“. Оценка: 3,5. Звонимир: „Преблаго, тешка, мрсна. Со густа текстура“. Оценка: 2. „Стила долче какао-крем“ Ана: „Неговиот вкус е евтин, сладок. Текстурата е густа и зашеќерена". Оценка: 1. Ивана: „Преблаг, вештачки, евтин. Текстурата е мазна, лесно се мачка". Оценка: 2. Мартина: „Лош вкус, не може да се јаде. Не е убав. Текстурата му е мазна, не е тешка и мрсна“. Оценка: 2. Звонимир: „Мирисот е вештачки и премногу е благ. Неговата текстура е мазна, мрсна и кремаста." Оценка: 1.

